Искусниот Ивица Димчевски го засили второлигашот Маџари

Македонскиот второлигаш Маџари доведе искусно име во своите редови. Во тимот пристигна поранешниот репрезентативец Ивица Димчевски, кој се очекува да биде солидно засилување за остатокот од сезоната. 

Димчевски доаѓа од Феникс 2010, каде настапуваше изминатите три години, a сезонава бележеше просек од 6,6 поени, 3,4 скока и 1,2 асистенции по натпревар. 

35-годишниот плејмејкер целата своја кариера ја мина во Македонија, настапувајќи за повеќе клубови како Работнички, Куманово, Вардар, Кожув, Торус, Струмица, Гостивар и Тиквеш