• Иван Димовски
Германскиот центар Тибор Плеис во новата сезона ќе побара нова средина, бидејќи се раздели со досегашниот клуб Анадолу Ефес.
34-годишникот кој со турскиот колектив двапати беше европски првак од 2018 година до денес го носеше дресот на овој клуб. Сега Плеис по шест сезони замина од Ефес и ќе побара нов клуб.
Во периодот минат во Турција германскиот центар освен двете европски титули освои три првенства и еден Куп. Минатата сезона ја одигра со просек од 7,8 поени и 3,6 скока на 23 натпревари.
Освен за Ефес, Плеис беше дел од Валенсија, Галатасарај, Јута, Барселона, Басконија, Бамберг и Келн.