Искусниот центар Кенет Фарид е нов играч на шпански евролигаш

Американскиот кошаркар Кенет Фарид е нов играч на Басконија. 36-годишниот центар потпиша едногодишен договор со клубот од Виторија. 

Фарид минатата сезона настапуваше за Панатинаикос, а летово играше и во Порторико за Кангрехерос де Сантурс. Во својата кариера има настапувано и за НБА екипите Денвер, Бруклин и Хјустон, како и за московска ЦСКА.

Во минатата сезона во Евролигата, Фарид одигра 35 натпревари, на кои просечно постигнуваше 5,8 поени и бележеше 3,9 скока.

Американецот има и репрезентативен успех, откако во 2014 година со селекцијата на САД ја освои светската титула. Басконија новата сезона во Евролигата ќе ја започне на 24 септември, кога на домашен терен ќе го пречека грчкиот гигант Олимпијакос.