Искусен плејмејкер прејде во Денвер и испиша историја во НБА

Искусниот плејмејкер, Иш Смит следната сезона ќе настапува во екипата на Денвер Нагетс. 

33-годишникот со овој трансфер испиша историја во НБА лигата. Имено, за Смит, Денвер ќе биде 13. клуб во најсилната кошаркарска лигга, што е рекорд. Досега Смит го делеше врвот со Чаки Браун, Џим Џексон, Тони Масенбург и Џом Смит кои во своите кариери настапувале за 12 франшизи. 

Смит во НБА се појави во екипата на Хјустон, а потоа за 12 години смени многу екипи. Тој од Тексас се пресели во Мемфис, па играше за Голден Стејт, Орландо, Милвоки, Феникс, Детроит, Вашингтон, Шарлот и сега во Денвер. 

Трејдот во кој Смит се пресели во Денвер го доведе и Кентевиус Колдвел-Поул во Колорадо, додека си заминаа Монти Вилијамс и Вил Бартон. Со тоа Натегси ослободија пет милиони долари во буџетот за плати, па ќе можат да го засилат тимот дополнително.