• Саше Љолес
Натпреварот помеѓу Фенербахче и Олимпијакос донесе многу искри на теренот и голема борба за првите бодови во Евролигата, а на самиот крај се случи инцидент помеѓу двајцата тренери, Шарунас Јасикевичус и Јоргос Барѕокас.
Литванскиот стратег при поздравот со својот колега имаше замерки и делуваше прилично нервозно, на што грчкиот колега одговори соодветно и настана мала мешаница која за среќа мина без никаква физичка пресметка.
Šarūnas Jasikevičius.
Mourinho şu sekansı izlerken mest olmuştur. pic.twitter.com/PEyjkVOfsW
— Ozzy (@kanaryasoul) October 4, 2024
Веднаш притрчаа играчите на двата тима, по што ситуацијата се смири и тренерите заминаа во соблекувалните. Мечот изобилуваше со тензична и на моменти агресивна игра, а на крајот турскиот гигант извојува победа со конечни 82-71.