Искра надеж во Загреб, Богдановиќ го презема „распаднатиот“ хрватски гигант?

Доскорешниот хрватски репрезентативец и долгогодишен НБА кошаркар, Бојан Богдановиќ, наскоро би требало да ја преземе претседателската функција во редовите на славната Цибона, која подолго време се мачи со големи финансиски проблеми. 

Некогашниот европски шампион неколку пати беше на работ на банкрот, а тоа се потврдува и со неучеството во АБА лигата оваа година. Иако клубот е во незавидна ситуација, сепак, навивачите се надеваат дека со доаѓањето на Богдановиќ нештата ќе се променат во позитивна насока. 

Цибона најпрво треба да ја стабилизира својата ликвидност и да излезе од долговите, а потоа и полека да се враќа на победнички патеки. Богдановиќ важи за една од најголемите кошаркарски легенди во Хрватска.