Исчезна еден од играчите кои блескаа на СП, никој не знае каде е

Еден од играчите кои блескаа и оставија добар впечаток на Светското првенство (СП) во кошарка, Бруно Кабокло, не се појавил во неговиот клуб Венеција и во моментов никој не знае каде е и што прави кошаркарот.

Бразилецот требаше да пристигне во Италија во текот на вчерашниот ден, ама не се качил во авионот. Тој дури и не информирал никого за неговата одлука и во моментов ниту Венеција, ниту неговите пријатели знаат каде се наоѓа.

Последен пат кошаркарот бил во САД за да добие виза за во Европа. Интересно е дека 27-годишникот пред извесен период ги промени застапниците, а токму со нив го потпиша договорот со Венеција, па се претпоставува дека новите менаџери имаат удел во ова.

Поранешниот играч на Торонто Репторс му помогна на Бразил да влезе во втората фаза на СП 2023, а во просек имаше 16,4 поени и 9,2 скока по натпревар. Последната сезона ја мина во дресот на германски Улм.