Ирвинг одбил нов договор со Бостон, заминува во Бруклин Нетс

Екипата на Бостон Селтикс се соочи со голем удар, затоа што главниот играч на тимот, Кајри Ирвинг, одбил нов договор и како слободен агент ќе бара нов клуб.

Ирвинг имаше понуда да остане во Бостон со нов договор вреден 21,3 милиони евра, меѓутоа одлучил да го одбие и да стане незаштитен слободен агент. Навивачите на клубот се разочарани, затоа што веруваа дека ќе остане.

Засега, не е позната точната наредна дестинација на шутерот, меѓутоа се шпекулира дека најверојатно тоа ќе биде Бруклин Нетс.

Ирвинг играше две сезони во Бостон, а во просек забележа 21,4 поен, 6,1 асистенции, 4,4 скока и 1,3 украдени топки по натпревар. Во редовите на селтикси, тој пристигна од Кливленд Кавалирс.