ВИДЕО: Ирвинг и Харден се разиграа, Клиперси без ѕвездите го добија Мајами

Кошаркарите на Бруклин Нетси сосема заслужено победија во „Голден 1 Центар“ во Сакраменто со 136-125. Иако без Кевин Дурант, дуото Ирвинг-Харден конечно проработе во најдобро светло, па двајцата комбинираа 69 поени. Нетси беа апсолутно подобри од Кингси, имаа резултатска контрола речиси во текот на целиот натпревар, а во завршната четвртина влегоа со огромни +28.

  • Сакраменто Кингс - Бруклин Нетси: 

Најдобар поентер на натпреварот беше Кајри Ирвинг со 40 поени на своето конто, но далеку покорисен беше Џејмс Харден. „Брадата“ собра 29 поени, фати 13 скокови и дури 14 пати им асистираше на соиграчите, па со „трипл-дабл“ учинок беше најкорисен играч. Кај Сакраменто пак се истакна Хасан Вајтсајд со 26 поени и 16 скокови, Џозеф имаше 22, а Хилд 21 поен. 

Лос Анџелес Клиперси победија на домашниот дуел против минатогодишниот финалист во НБА лигата, па со 125-118 го испратија Мајами. На овој натпревар за екипата од „Стејплс Центар“ не настапија Каваи Ленард и Пол Џорџ, но останатите се надминаа себе сѝ и го добија дуелот. 

  • Лос Анџелес Клиперси - Мајами Хит: 

Иако натпреварот беше тесен и неизвесен, последниот клучен период им припадна на Клиперси, кои го решија во свој корист. „Трипл-дабл“ учинок собра неуморниот Џими Батлер со 30 поени и по десет скокови и асистенции, додека најефикасен играч на средбата беше Маркус Морис (32).

На останатите терени Индијана по продолжение загуби од Чикаго (112-120), Вашингтон беше подобар од Хјустон (131-119), Њујорк Никс славеа со Атланта (123-112), Јута ја доби Филаделфија (134-123) и Голден Стејт беше пресилен за Кливленд (129-98).