Ирвинг го откри проблемот на Далас: Почнува од мене...

Кошаркарите на Далас Маверикс беа поразени на стартот на финалето против Бостон Селтикс и тоа убедливо на гостински паркет. 

По натпреварот околу проблемите во играта на својот тим зборуваше Кајри Ирвинг. Тој откри за што станува збор и во кој сегмент потфрлиле.

„Мораме да имаме побрз тек на акциите и топката. Тоа почнува од мене. Јас сум тој што диктира ритам. Треба да правам лесни шанси и да се прилагодувам на сè што противничката дефанзива ќе фрли на нас. Сепак, тоа ќе биде едно шаховско ниво кое мора да се достигне и одигра“, заклучи Ирвинг.

Вториот меч во серијата се игра ноќта меѓу недела и понеделник. Терминот на тој дуел во Бостон е од 02:00 часот.