• Горан Упале

Поранешниот стратег на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, се враќа на кошаркарската клупа, но овој пат со интернационален предизвик.
Одморот за младиот стратег заврши, затоа што од следната сезона ќе работи во германската Бундеслига, односно во тимот на Кемниц Најнерс. Кочов потпиша двегодишен договор со германскиот тим, каде ќе ја извршува функцијата помошник тренер на аргентинскиот стручњак Родриго Пасторе.
Кемниц Најнерс е формиран во 1999 година, а во последната сезона од Бундеслигата ја заврши на 14. позиција.
36-годишниот од 2018 година беше на чело на МЗТ Скопје, но по неуспесите во АБА2 лигата се раздели со македонскиот шампион.