ВИДЕО: Индијана со трилер завршница го победи Голден Стејт, залудни 39 поени на Кари

Индијана

По триумфот над Лос Анџелес Лејкерс, кошаркарите на Индијана Пејсерс го срушија и Голден Стејт Вроиорс (117-121). Натпреварот донесе продолжение од пет минути, во кое подобар беше гостинскиот тим. Новајлијата Крис Дуарте беше најдобар поединец со 27 поени и спречи нова радост на „воините“, кои беа предводени од Стеф Кари и неговите 39 поени.

Далас Маверикс на Лука Дончиќ се загуби во последната четвртина и дозволи пресврт на Феникс Санс во Тексас (101-109). Се чинеше дека домаќинот ќе запише нова рутинска победа, но минатогодишниот финалист постигна 35 поени и прими само 19 во завршните дванаесет минути и на крај победнички го напушти теренот. Девин Букер заврши со 28 поени, колку што постигна и словенечкиот плејмејкер во домашната екипа.

Ново разочарување за фановите приреди Њујорк Никс кој на домашен терен потклекна пред Њу Орлеанс Пеликанс (91-102).