ВИДЕО: Индијана слави во мајсторката во Њујорк и ќе го предизвика Бостон во источното финале

Индијана Пејсерс е во финалето на Источната конференција на НБА лигата, откако со 4-3 го победија Њујорк Никс. Вечерва во „Медисон Сквер Гарден“ голема победа запишаа гостите со резултат 109-130.

Натпреварот беше преголем залак за Њујорк Никс. Ануноби се обидуваше пет минути, но не можеше, Харт беше далеку од својот просек, а Бренсон и вечерва не беше на највисоко ниво.

Серијата од 13-2 во првата четвртина беше една од клучните. Потоа гостинот дојде до двоцифрена разлика и до крајот на полувремето во еден момент имаше огромни 22 поени предност. Њујорк намали на само пет поени на почетокот на третиот квартал, но Индијана имаше премногу расположени играчи на овој натпревар, како и во цеела серија.

Халибартон со 26 вообичаено беше најефикасен кај Индијана, Нембхард додаде 20, колку и Сиакам, а 19 запиша Нејсмит со фантастичен удар од поле 8/8. ДиВинченцо беше најефикасен со 39 поени кај Никси, а Буркс додаде уште 26. 

Во финалето на Истокот, кошаркарите на Индијана ќе играат против Бостон.