ВИДЕО: Индијана моќно ја надигра Оклахома, „мајсторката“ ќе го даде шампионот!

Кошаркарите на Индијана Пејсерс го одбранија домашниот паркет и го одведоа НБА финалето во „мајсторка“. Домаќинот во „Геинбриџ Филдхаус“ одигра одличен натпревар и ја совлада Оклахома Сити Тандер со 108-91. 

  • Индијана Пејсерс - Оклахома Сити Тандер:

Стартот му припадна на гостинскиот колектив, ама набргу Индијана презеде резултатска контрола. Оклахома парираше до средината на вториот период, имаше минимална негатива од 34-33, а потоа домашните врзаа серија од 12-0 погодувајќи три тројки и една акција со „два плус еден“. Откако се одлепија Пејсерси изградија и огромна предност од 64-42 со која се замина на полувремето со нова добра серија. 

По паузата Тандерси се обидоа, ама пак не успеаја да се вратат. Индијана ја зголеми предноста и на стартот на последниот период достигна највисок плус од 31 поени. Оклахома се стегна во завршницата, ама тоа не беше доволно за ништо повеќе од достоен пораз во Индијанаполис. Шеј Гилџус-Александер беше најефикасен на мечот со 21 поен, додека кај Индијана се истакнаа Топин со 20, Нембхард со 17 и Сиакам со 16 поени на кои надоврза 13 скока. 

Оклахома ќе има „мајсторка“ на свој терен ноќта меѓу недела и понеделник од 02:00 часот, натпревар кој ќе го одреди новиот НБА првак.