• Саше Љолес
НБА франшизата Индијана Пејсерс официјално потврди дека најголемата тимска ѕвезда, Тајрис Халибартон, дефинитивно ќе ја пропушти целата следна сезона поради повредата на ахиловата тетива.
Халибартон се повреди на седмиот натпревар од финалната серија против Оклахома, а сега се потврдуваат најцрните прогнози, нешто што донесе големо разочарување кај навивачите.
„Не се сомневам дека ќе се врати посилен. Операцијата мина добро. Тајрис нема да игра следната сезона, не сакаме да ризикуваме со прерано враќање на терените. Затоа, немојте да се надевате дека ќе игра, да го оставиме да се рехаблитира и мирува“, изјави претседателот на Пејсерс, Кевин Причард.
Индијана беше близу до освојување на првата титула во историјата, но без Халибартон во тимот не можеше да се спротивстави на силната Оклахома во решавачкиот натпревар.
ФОТО/PHOTO: Nba.com
