• Иван Димовски
По комплетирањето на полуфиналната фаза, познати се двете екипи кои ќе се натпреваруваат за првиот трофеј во НБА Купот, натпреварување првпат се одржува среде регуларната сезона во најсилната лига на светот.
Индијана Пејсерс го изненадија фаворитот Милвоки Бакс со 119-128. Средбата во „Т-мобиле Арена“ беше неизвесна, двата тима имаа свои моменти, а на крајот се радуваа гостите. Иако Бакси го имаа најрасположениот Јанис Адетокумбо, кој финишираше со 37 поени и десет скока, во победничкиот табор со по „дабл-дабл“ ефект се истакнаа Халибуртон (27 поени, 15 асистенции) и Тарнер (26 поени, десет скока).
- Милвоки Бакс - Индијана Пејсерс:
Во натпреварот за трофејот Индијана ќе ги предизвила Лос Анџелес Лејкерси. Тимот од Калифорнија ги декласира Њу Орлеанс Пеликанси со 133-89. По изедначената прва четвртина, потоа целиот натпревар им припадна на Лејкерси кои на крајот славеа многу убедливо. До победата екипата ја водеа Леброн Сејмс со 30 поени, Остин Ривс со 17 и Ентони Дејвис со 16 поени и дури 15 скока. Во таборот на Пеликанси пак најефикасен беше Марфи со 14 поени.
- Лос Анџелес Лејкерс - Њу Орлеанс Пеликанс:
Финалната пресметка се игра ноќта меѓу сабота и недела во терминот од 02:30 часот по полноќ.