• Горан Упале
Koшаркарите на Индијана Пејсерс се на прагот да стигнат до финалето на Источната конференција, откако одново го декласираа Кливленд Кавалирс со 129-109 на домашен терен и поведоа со 3-1 во полуфиналната серија.
Најуспешниот тим во Истокот во првиот дел од сезоната, повторно целосно потфрли и уште еднаш „удри во ѕид“. Поразот на Кливленд можеше да биде уште посрамен, затоа што на полувреме губеше со 41 поен (80-31), а потоа Индијана имаше и предност од 45 поени.
Домаќинот дури остана и без Бенедикт Матурин по седум и пол минути игра, кој беше исклучен поради неспортски прекршок, но Кливленд целото второ полувреме го одигра без својот прв ас Донован Мичел, кој го повреди левиот глужд.
Пејсерсите имаа седум играчи со двоцифрен број на постигнати поени. Паскал Сиакам и Оби Таупин постгинаа по 21 поен, а Мајлс Тарнер заврши со 20 постигнати поени. Дариус Гарланд беше најефикасен за Кливленд со 21 поен, Исак Окоро постигна 13, а Донован Мичел постигна 12 поени за 20 минути.
Следниот натпревар од серијата ќе се игра во Кливленд на 14 мај.