Инцидент во Задар: „Торнадо“ палеа факли, полицијата ги растера со солзавец

Дерби натпреварот во полуфиналето на хрватскиот кошаркарски шампионат помеѓу Задар и Цибона, повторно беше зачинет со инциденти на трибините. 

Имено, на делот каде што се наоѓаа домашните фанови мораше да интервенира и полицијата.  Навивачите на Задар палеле факли, па полицијата мораше да реагира и со солзавец, што беше остро пречекано од целата публика во салата. На крајот популарните „Торнадо“ беа изнесени од салата без да се случат поголеми инциденти.

Од спортскиот аспект на натпреварот, кошаркарите на Задар славеа победа од 68-56 и се изборија за мајсторка, по која ќе биде дознаен финалистот во шампионатот на Хрватска.