Импресивна симултанка: Американец ги постигна сите поени за екипата во првата четвртина (ВИДЕО)

Колсон

Импресивната партија на Бонси Колсон одекна низ целиот свет. Американецот покажа одлични шутерски квалитети во првата четвртина на дуелот против Бахчешехир.

Членот на Каршијака ги постигна сите 28 поени за својата екипа, шутираше седум од седум за три поени и феноменално ја стартуваше средбата.

На неговите соиграчи им беа потребни речиси 15 минути за да го постигнат првиот кош. 

Колсон продолжи во идентичен ритам и мечот го заврши со 41 поен.