ВИДЕО: Импресивен изглед на новата арена на Лос Анџелес Клиперс

ЛА Клиперс

За неколку години Лос Анџелес Клиперс ќе има своја арена и ќе го напушти „Стејплс Центарот“, кој моментално го дели со градскиот ривал Лос Анџелес Лејкерс.

Сопственикот на „клиповите“, Стив Балмер, ќе инвестира во нов спектакуларен објект во вредност од 1,8 милијарда долари. Истиот се очекува да биде завршен до 2024 година, а еве како треба да изгледа:

Капацитетот на салата ќе биде 18.000 гледачи. Пандемијата на момент одложи изградба на дел од проектот, но сега активно се работи на почитување на крајниот рок, кој е поставен за точно три години.

Според информациите што ги нуди тимот, арената ќе ги поседува најновите достигнувања во технологијата, компјутерите, електрониката и ќе им овозможи на фановите да имаат ново искуство, како и чувство како да се во својот дом.

Новата спортска сала е дизајнирана така што акустичниот фактор може максимално да ја искористи бучавата што ја создаваат навивачите за да ја даде целата поддршка на тимот, кој ќе може да прави огромна разлика меѓу домашните и гостинските натпревари.