Име Удока суспендиран за сезоната 2022/23!

Бостон Селтикс

Првиот тренер на Бостон Селтикс, Име Удока, предизвика скандал и доби заслужена суспензија од клубот.

Тој ги прекрши политиките на тимот, со одржување интимна врска со жена која е вработена во структурите на клубот. Засега одлуката да биде суспендиран падна само на следната сезона, а за неговата иднина во минатогодишниот финалист ќе се одлучува во наредниот период.

„Бостон Селтикс денеска објави дека тимот го суспендираше главниот тренер Име Удока за сезоната 2022/23 поради прекршување на политиките на тимот“ , стои во соопштението на славната НБА франшиза.

Удока испрати јавно извинување до тимот, фановите и неговите играчи. Тој ја прифати донесената одлука и поради почит кон сите инволвирани во случајот порача дека нема многу да зборува за случајот во иднина.