„Имаме предност во однос на Пелистер, но мораме да одиграме многу подобро против Кожув“

По вчерашниот сигурен триумф на Гостивар над МЗТ Скопје Уни Банка, денес на програмата се уште два натпревари од 15. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија, на кои екипите на Пелистер и Куманово мораат да извојуваат победи доколку сакаат да останат во игра за плеј-оф.

<<< ПОВРЗАНО - Малинков: Сами се доведовме во оваа ситуација, мораме да го победиме Вардар

Ви Битола гостува тимот на Вардар, додека Куманово пред себе има потежок испит, затоа што ќе се сретне со третопласираниот тим на табелата, Кожув

„Јасно е што треба да правиме за да стигнеме до планираната цел. Имаме предност во однос на конкурентот, но за да го добиеме Кожув ќе мора да одиграме многу подобро отколку на оној последен меч со Вардар во Скопје. Кожув е екипа за целосен респект, и иако им недостасуваат некои важни играчи - победуваат. Знак дека мораме да бидеме максимално подготвени за овие 40 минути“, вели капитенот Марјан Јанески.

Кожув е фаворит на овој натпревар, кој може да биде и враќање на терените на искусниот Бојан Трајковски во дресот на гевгеличани.