Илјадници фанови ги пречекаа новите европски шампиони во Франкфурт

Илјадници фанови ја пречекаа германската кошаркарска репрезентација денес во Франкфурт, откако „панцирите“ синоќа ја освоија титулата на Европското првенство. Германците славеа над Турција со 88-83 во финалето на Евробаскетот во Рига, станувајќи европски шампион по втор пат во историјата.

Во Франкфурт беше одржан прием пред зградата на главниот спонзор на тимот, а фановите ги поздравија германските кошаркари со стоечки овации. Германските медиуми објавија дека во центарот на вниманието бил капитенот на кошаркарската репрезентација Денис Шрудер, кој денес го слави својот 32-ри роденден. 

„Ви благодарам на сите што сте тука. Бронза на Европското првенство во 2022 година, злато на Светското првенство во 2023 година, четврто место на Олимписките игри во 2024 година, а сега и титула на Европското првенство. Ова е огромен успех“, рече Шредер, кој доби овации од навивачите.

Шрудер беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на првенството.