• Мартин Танасковски
Кошаркарската селекција на Македонија се врати во Скопје каде продолжува со тренинзи. Од Гевгелија националниот тим донесе две победи над Швајцарија, а селекторот Марјан Илиевски е задоволен од она кое го видел од тимот кој е составен од млади играчи и без лидерите од изминатите години.
„Може да кажам дека цел процес која ја минавме со екипата со која се запознавме беше добредојден. За играчите може да кажам само пофални зборови за нивниот тренажен процес и ангажман, во многу моменти знаевме да се сложиме дека сите даваа дури и над своите можности. Околу двата меча со Швајцарија, добро беше што ги добивме. Но, сите мора да се приземни, ова е млада екипа од играчи, а тие ќе ја претставуваат нашата нација.“, изјави Илиевски.
Согласно со плановите на стручниот тим, предводен од селекторот Марјан Илиевски, во Скопје ќе бидат одработени уште неколку тренинзи. На 30 јули (среда) во попладневните часови, планирано е заминувањето во Куманово, каде ќе бидат реализирани завршните тренинзи од подготовките пред натпреварот против селекцијата на Романија кој е закажан за 2 август (сабота), ќе се игра во комплетно реновираната спортска сала во Куманово, а ќе стартува од 20 часот.
