• Зоран Мишевски

Натпреварот против Гостивар минатата недела беше најава, а игрите на Пелистер на четвртиот „балон“ во АБА2 лигата покажуваат дека овој Пелистер може многу на повеќе фронта оваа пролет. Битолчани го совладаа црногорскиот тим Сутјеска со 77-75, а тренерот имаше само честитки за своите кошаркари.
Пелистер на овој меч беше десеткуван, со пократка ротација и некои играчи мораа да играат повеќе од 35 минути. На пример, Карпентер одмори само 40 секунди, Карутерс на терен беше 35 минути, исто колку и Караџовски, а Маслинко на паркетот мина 34 минути. Тоа доволно говори со какви проблеми се соочуваа „зелените“ пред оваа средба, која, сепак, ја победија.
„Кога еден ваков натпревар ќе го имате во резултатска предност повеќе од 36 минути, на крајот најважно ни е дека победивме и не сакам да бидам критичен кон играчите. Најлесно е по натпреварот да ги линчуваме, не го сакам тоа. Сепак, краток период имавме за одмор, имаме и повредени играчи и сакам да му честитам на тимот за победата и покрај тој пад кој го имавме.
Дојдовме до победа со краток ростер и сега гледаме кон наредниот натпревар со Златибор. Причината за падот сигурно е заморот. Еден играч е многу тешко да игра 40 минути, да го организира нападот, да поентира и да игра одбрана. Најмалку ние како тренери сакаме да дојде до пад во клучните моменти и да играме натпревар на една топка, но добро е на крај што ние сме тие кои победивме. Го заслуживме тоа“, изјави Илиевски по натпреварот.
Последниот трет натпревар на „балонот“ во Бања Лука, пелистерци в недела напладне играат против српскиот тим Златибор Чајетина,