Илиевски: Во Блокотехна функционираме како пријатели, тоа ни донесе успех!

Марјан Илиевски е тренерот кој ја водеше Блокотехна до историски услех во БИБЛ-лигата и го донесе за тимот првиот трофеј во историјата во ова натпреварување.

По триумфот над Теута во финалето на Ф4-турнирот во Тирана, стратегот истакна дека тимот функционирал како едно и покрај сите проблеми и како главен фактор за титулата ја посочува одбраната.

„Одбраната беше клучен фактор за нашиот триумф на овој турнир. Уште од стартот на мечот дојдовме до една висока разлика и си ги олеснивме работите. Јас секогаш како човек сакам да имам авторитет како тренер, но истовремено сакам играчите да ме чувствуваат и како пријател. Токму тоа ми помогна на овој турнир, имавме тешки моменти поради повреди, но успеавме да се издигнеме ментално. Се мотивиравме како пријатели и создадовме една добра енергија која ни донесе успех“, изјави Илиевски.

За Илиевски ова беше втор трофеј во БИБЛ-лигата, по оној со Сигал Приштина. Сега, Блокотехна се насочува кон домашните предизвици, во Суперлигата, како и во претстојниот Куп на Македонија.