• Мартин Танасковски
Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби и од Романија (79-66) и се прости од претквалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2027 година, затоа што по три меча забележа три порази.
Така, дуелот со Унгарија кој ќе го играме дома ќе биде од ревијален карактер, за кошаркарска чест, ако не ја сметаме онаа луда теорија дека победа од 39 разлика над Унгарците и триумф на Романија над Унгарија може да не одведе понатаму.
„На денешниот меч овој млад тим покажа карактер, по три дена имавме некаков менталитет и карактер кој мора да ни оди нагоре. Затоа мора да сум задоволен од прикажаното и изданието кое го имавме. Романија го имаше резултатот, но ние не се предадовме до крај. Затоа уште еднаш потенцирам дека сум задоволен од карактерот на играчите и во иднина се надевам дека овие исксутва ќе ни бидат доволни да „набилдаме“ тимски дух и искууство во овој млад тим“, изјави селекторот Марјан Илиевски.
Иако првично планот беше и вториот домашен натпревар да се игра во Куманово, сепак од КФСМ донесоа промена на одлуката. Средбата против Унгарците за крај на циклусот ќе се одигра во Скопје во СРЦ „Кале“. Последната средба од циклусот е на програмата на 20 август во терминот од 19:00 часот.


