Илиевски: КК Скопје да биде симбол на градот, од тимот очекувам многу енергија!

Скопје 2023 ја започнува сезоната со амбиции да остане во врвот на македонската кошарка, откако минатата сезона како Маџари стигна до финалето. Првата задача за новиот состав ќе биде во недела, кога во Скопје ќе гостува Кожув.

Пред стартот на сезоната, новиот предводник на клубот Марјан Илиевски зборуваше за очекувањата од екипата, промените во составот и натпреварот со Кожув.

„Можеби започнавме задоцнето, иако периодот кој беше зад нас со промената на правилото за странски играчи беше отежнато формирањето на ростерот. Од почетокот на подготовките имаме промена на еден помалку странски играч, од кој очекувавме дека ќе донесе подобрување. Ростерот останува планираниот, потпишавме со странски играчи кои ќе го дополнат тимот. Домашните играчи се генерално помлади, со исклучок на капитенот кој долго години е во македонската кошарка и добро ги знае условите. Од овој тим очекувам да даде енергија, така се селектирани. Очекувањата секогаш се највисоки и во тимот и меѓу тренерите. Тоа што го направивме минатата година, оставам простор бидејќи јас не бев вклучен директно во работата. Новото име го обележува главниот град и е тесно поддржано во Општина Гази Баба. Очекувам љубителите на кошарката да го прифатат овој проект од спортска страна. Минатата година на паркетот тимот беше посилен од организацискиот дел, ама сега ќе ги израмниме работите. Ветуваме максимално вложување, ќе се стремиме да победуваме, ама нема да се разочаруваме. Секојдневно ќе работиме да се надоградуваме и да напредуваме“. 

„Иницијативата за помал број на странци доаѓа во многу незгоден период за тренерите и управниот одбор бидејќи потешко се создава тим. Сето тоа води до потешки преговори. Сите велат дека ќе биде изедначено првенството, но тоа не мора да значи дека ќе биде во квалитет, туку спротивното. Нашата работа е од оние играчи сега да се подобриме. Скопје со самиот чекор со условите напредуваше. Според она што досега го видов, можеби ќе ги победуваме и најдобрите, ама и да се мачиме против екипи против кои се очекува да славиме. Нашата желба е натпреварите да бидат убав настан, да има публика на трибините и да биде уживање за сите. Ќе го дадеме максимумот за создавање на една убава кошаркарска приказна“, изјави Илиевски.

Лани како дебитант во елитата под името Маџари овој тим играше во финалната серија, а и во новата сезона влегува со високи амбиции.