• Иван Димовски

Кошаркарите на Пелистер го издржаа тешкиот трет „балон“ во АБА2 лигата, кој го дочекаа со огромни проблеми. Третиот пораз во Сараево на битолчани им го нанесе Златибор (85-83), а тренерот Марјан Илиевски не може да биде претерано разочаран.
Пелистерци го измачија ривалот и покрај сите проблеми, но на крајот ја загубија драмата.
„Тука дојдовме со проблеми и тежок период е зад нас. Можам да им честитам на играчите за енергијата и желбата за победа во самата завршница.
Сепак, на спротивната страна имаме проблем со скокот во нападот, а тоа го казни одличниот ривал и тука го гледам најголемата причина за поразот. Го прикажавме тоа што го можеме во овие услови. Сакам сè што е зад нас да остане таму, да видиме подобри и посветли денови“, изјави Илиевски.
Пред „зелено-белите“ се уште две средби до крајот на годината во Првата лига на Македонија, а особено важна е втората против МЗТ Скопје во Аеродром.