Илиевски: Иницијативата е поднесена, продолжува борбата за подобра кошарка во Македонија!

Нашата кошаркарска легенда, Владо Илиевски и официјално поднесе своја кандидатура за смена на актуелниот прв човек на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски. 

Некогашниот репрезентативец утрово на социјалните мрежи објави фотографија од пред портите на МКФ и најави дека е подготвен да се бори до крај за да ја спаси кошарката во нашата земја. 

„Иницијативата е поднесена, продолжува борбата за подобра кошарка во Македонија!“, напиша Илиевски на социјалните мрежи. 

Некогашниот кошаркар на Работнички во изминатиов период доби голема поддршка од мнозинството клубови во нашата земја, со што Наумоски согласно со Статутот е приморан во рок од 14 дена да свика вонредно собрание.