Илиевски: Горд сум кошаркарите, им порачувам на битолчани да дадат поддршка на оваа екипа

Кошаркарите на Пелистер забележаа нов пораз во АБА-2 лигата, откако загубија од Златибор со 75-69 на „балонот“ во Бања Лука. Избраниците на Марјан Илиевски по двете славја над Спарс Илиџа и Сутјеска, доживеаја и пораз во битката за плеј-офот. 

Тренерот на „зелено-белите“ вели дека и покрај неуспехот е горд на неговите избраници и им порача на битолчани да дадат поголема поддршка.

„Од овој „балон“ и од овој натпревар научивме многу. По еден лош почеток и лоша реализија во првите дваесет минути, уште бевме во игра и тоа го покажавме во второто полувреме. Иако имавме најмалку одмор од сите противници и имаме повредени кошаркари, можеме да го дадеме максимумот и по овој натпревар, за кој решаваа работи за кои треба да размислиме, морам да ги пофалам моите кошаркари. Горд сум на нив и им порачувам на битолската публика да даде поддршка на оваа екипа. Пласманот на завршниот турнир на АБА2 лигата да не биде факторот за нивната награда“, рече Илиевски. 

Најефикасен играч на натпреварот беше Протиќ од Златибор со 23 бода, додека Карутерс од Пелистер финишира со еден помалку.