Илиевски: Верувам дека Дончиќ-сениор е идеален избор за овој проект

Еден од најпознатите македонски кошаркари на сите времиња, Владо Илиевски одлучи да направи своевидна доградба во плановите. Односно се одлучи во процесот да го вклучи и својот „дедо“ (татко на неговата сопруга, Ања), прославениот словенечки кошаркар, Петар Вилфан.

Кошаркарската школа „Петар Вилфан“ ќе биде составен дел од проектот, а договорот со Петар Вилфан, всушност е само дел од летните активности на Владо Илиевски Сега Влатко вели дека клубот кој го води, е близу до „зелената линија“. Исто така информира дека трнер на првата екипа останува Дончиќ-сениор, татко на НБА ѕвездата Лука Дончиќ

„Верувам дека Донке е идеален избор за овој проект. Тој е тренер кој повеќе се чувствува како играч. Тој го прифати концептот на клубот. Тој е многу мотивиран и истовремено некој што се осмелува да ги турка младите луѓе во првите редови.

Асистенти на Дончиќ-сениор, татко на НБА сензацијата Лука,  ќе бидат Стипе Модрич, кој го превзема и тимот до 17 години. А на иницијатива на Олимпија дојде и Лука Басин, како тренер за развој, тој ќе биде одговорен за играчите од Стожице“, уверува Илиевски, кој најавува и обновување на боите и имиџот на клубот.

Со последната рехабилитација и зајакнување на новите темели на клубот, една од целите на Илирија е да се врати на прволигашката сцена. Тогаш, како што се надева Влатко, ќе биде полесно да се предложат играчи во ‘Тиволи’ или да се преговара со Олимпија за еден малку поинаков статус.