• Зоран Мишевски
Андре Игудала најави дека ќе настапи на третиот меч од финалната серија во НБА лигата против Кливленд Кавалирс. Нема да биде максимално подготвен, но Игудала е подготвен да ризикува.
„Сакам да играм на третиот натпревар. Не сакав да ризикувам за првата и за втората средба, но сега сум подготвен“, вели кошаркарот на „воините“ од Голден Стејт.
34-годишниот Игудала се сттекна со повреда на коленото во последната четвртина од третиот натпревар од финалната серија на Западната конференција во еден дуел со Џејмс Харден. Голден Стејт и без Игудала води со 2-0 во финалната серија и се наоѓа блиску до одбрана на титулата.








