Играчите од НБА го избраа својот МВП на сезоната

Кошаркарите во НБА го избраа својот МВП за оваа сезона, а според анонимната анкета спроведена од „Атлетик“.

Во гласањето најмногу гласови добил Шеј Гилџус-Александер. Ѕвездата на Оклахома Сити Тандер освои 39% од гласовите, додека второто место му припадна на Никола Јокиќ од Денвер Нагетс со 21,4%.

Во анкетата учествувале 159 НБА играчи, а третата позиција ја поделија тројца кошаркари. Тоа беа Џејлен Браун од Бостон Селтикс, Кејд Канингем од Детроит Пистонс и Лука Дончиќ од Лос Анџелес Лејкерс добија по 8,2% од гласовите.

Интересно е што младиот талент на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, иако води на официјалната МВП листа, според изборот на играчите заврши дури на шестото место со 5% од гласовите.