ВИДЕО: Играч на Монако се откажа пред крајот, а лутиот Џејмс го нападна соиграчот

Натпреварот меѓу Фенербахче и Монако во Евролига донесе голема тензија и сериозен инцидент во редовите на гостинскиот тим. Минатогодишниот финалист на Евролигата доживеа тежок пораз на гостувањето во Истанбул со резултат 88-70, во натпревар кој беше реприза на ланското финале

По последните поени на домашниот тим, Монако требаше да го одигра својот завршен напад, но Ели Окобо остана пред својата клупа. Францускиот кошаркар беше видно незадоволен, по што влезе во вербален конфликт со соиграчот Мајк Џејмс.

Двајцата разменија неколку остри зборови, а ситуацијата дополнително се вжешти кога Џејмс во еден момент го оттурна Окобо. Брзо реагираа останатите кошаркари и членовите на стручниот штаб кои застанаа меѓу нив и спречија конфликтот да прерасне во поголем инцидент.