• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационален кошаркарски судија Игор Митровски ја стартува европската авантура во новата сезона и ќе биде дел од едно од натпреварувањата на ФИБА.
Митровски, кој важи за најдобар македонски судија, се наоѓа на листата на арбитри во Лигата на шампионите која стартува оваа седмица. Македонецот ќе биде стациониран во Вроцлав, каде ќе биде меѓу судиската тројка.
Игор Митровски ќе им суди на полски Сласк и унгарски Сомбатели Фалко. Тоа е меч од Групата Ф во Лигата на шампионите. Средбата стартува со почеток од 20:00 часот.
Партнери на Митровски на овој натпревар ќе му бидат Мариус Сиулин од Романија и Јуозас Баркаускас од Литванија.