Игор Митровски ќе биде дел од второ Европско првенство во низа

Еден од најдобрите македонски кошаркарски судии Игор Митровски ќе ја има честа да биде дел од на Европското првенство 2022.

Нашиот арбитар се најде во групата од дваесет т.н. „неутрални судии“, кои ќе се грижат за регуларноста на континенталниот собир. Италија, Грузија, Чешка и Германија ќе бидат домаќини на најдобрите репрезентации на стариот континент, кои ќе се борат за европската титула.

За Митровски ова не е прво учество на едно ЕП. Тој беше дел и од шампионатот кој се одржа пред пет години, на кој славеше репрезентацијата на Словенија.

Европското првенство се игра во терминот од 1-18 септември.