Игор Кокошков има нов клуб во НБА лигата

Српскиот кошаркарски тренер и поранешен предводник на словенечката репрезентација, Игор Кокошков ќе биде нов член на стручниот штаб во екипата на Атланта Хоукс. 51-годишниот тренер има богато резиме во НБА-лигата, а во Атланта пристигнува на барање на главниот тренер, Квин Снајдер. 

Кокошков ќе биде прв помошник на Снајдер, а исто така ќе ја добие улогата и на главен организатор на тренинг-сесиите на тимот. Тој и порано извршуваше слични функции во многу НБА тимови, а еднаш имаше авантура и како главен тренер во екипата на Феникс Санс. Тренерот Снајдер одлично го познава Кокошков од времето во Јута Џез, кога Србинот му беше прв помошник, па се верува дека нивната одлична соработка во минатото може да се преточи и на клупата на Хоукс. За тимот на Атланта настапува и неговиот сонародник, одличниот Богдан Богдановиќ кој веќе трета сезона го носи дресот на Хоукс. 

Игор Кокошков е еден од најдобрите тренери и кошаркарски работници од Балканот. Во неговата богата кариера беше асистент во многу НБА екипи, меѓу кои се наоѓаат Лос Анџелес Клиперс, Детроит Пистонс, Феникс Санс, Кливленд Кавалирс, Сакраменто Кингс, Орландо Меџик, Јута Џез, Далас Маверикс и Јута Џез. 

Најголемиот успех како главен тренер го забележа со репрезентацијата на Словенија, кога успеа да ги одведе „змајчеки“ до титулата на Европското првенство што се одигра во 2017 година во Турција. Потоа беше предвоник и на српскиот национален тим, по што се врати во Соединетите Американски Држави. Во неговото богато портфолио, Игор Кокошков има и шампионски прстен во НБА-лигата од 2004 година кога беше асистент на тренерот Лери Браун во Детроит Пистонс.