• Зоран Мишевски
Кошаркарскиот клуб Академија ФМП го назначи Игор Гацов за прв тренер на сениорската екипа, која ќе се натпреварува во Втората македонска лига во наредната 2018/2019 сезона. Гацов досега соработуваше со неколку прволигашки екипи меѓу кои, КК МЗТ Скопје, КК Работнички Скопје и КК Амак СП Охрид.
Тренерот кој прв им даде шанса, на тогаш младите и не искусни македонски репрезентативци, Војдан и Дамјан Стојановски во првата македонска лига, на позицијата прв човек на клупата на КК Академија ФМП доаѓа по долгогодишна работа како скаут во неколку европски екипи.
Како професионален играч 41-годишниот Гацов настапуваше во македонската, шпанската, шведската и норвешката лига.