Игокеа доведе поранешна ѕвезда на Реал и Фенербахче

Еден од најстандардните клубови во АБА лигата, Игокеа од Александровац доведе големо засилување пред почетокот на сезоната 2019/20. Имено, босанскиот клуб ги осигура квалитетите на поранешниот хрватски репрезентативец Марко Томас.

34-годишниот бек се обврза на едногодишен договор со Игокеа и за него ова е враќање во АБА лигата, во која играше како член на Цибона и Цедевита.

Низ кариерата, Томас ги носеше дресовите на Цибона, Загреб, Реал Мадрид, Фуенлабрада, Фенербахче, Цедевита, Анкара и Газиентеп.