• Горан Упале
Стефон Касл од Сан Антонио беше едногласно беше избран во тимот на дебитантите во НБА за сезоната 2024-25.
Најдобрите тимови составени од дебитанти беа изгласани од глобален панел на новинари, а Касл, кој беше прогласен за НБА дебитант на сезоната, ги доби сите 100 гласови.
Еден глас помалку од плејмејкерот на Сан Антонио доби првиот избор на минатогодишниот драфт, Закари Ризача од Атланта, додека бекот на Мемфис, Џејлен Велс, доби 96 гласови. Покрај тројцата, во дрим-тимот на дебитанти се уште центарот на Мемфис, Зак Иди (73 гласови) и Алекс Сар од Вашингтон (54 гласови).
Во втората најдобра петорка на дебитанти се најдоа Келел Вир (Мајами), Матас Бузелис (Чикаго), Ив Миси (Њу Орлеанс), Донован Клинган (Портланд) и Баб Карингтон (Вашингтон).