Иди ми, дојди ми во Кожув: Украинец и Бугарин пристигнаа, отказ за Матијашевиќ

Новата сезона за Кожув започна доста турбулентно, Врбица Стефанов беше сменет од тренерската фунцкија, а имаше и низа ротации во играчкиот кадар. Едни доаѓаа, други си заминуваа, тренд што сè уште е активен. Последна новост е тоа што се ангажирани нови двајца интернационалци, Александар Јанев од Бугарија, кој дебитираше веќе вчера во мечот со Теодо Тиват, како и интернационалецот од Украина, Константин Аникиенко.

„Точно е дека се ангажирани споменатите кошаркари, приморани сме да правиме промени во играчкиот ростер по лошиот старт на сезоната. Се надевам дека во продолжение ќе следат подобри игри и резултати“, изјави претседателот на клубот Димитровски.

Раководството на клубот од Гевгелија од друга страна му се заблагодари за досегашната соработка на Јагош Матијашевиќ, кој доби отказ и веќе не е дел од тимот.