Ибака се одлучи за Клиперси, Рондо заврши во Атланта, неизвесна иднината на Богдановиќ

Ибака

НБА екипите ги прават финалните промени во ростерите во пресрет на новата сезона, која се очекува да тргне на 22 декември.

Изминатите 24 часа донесоа неколку интересни трансфери. Најзвучниот е оној на Серж Ибака кој потпиша двегодишна соработка за 19 милиони долари со екипата на Лос Анџелес Клиперс. Таму ќе биде замена за Монтрези Херел, кој се пресели во Лос Анџелес Лејкерс, и одново ќе биде соиграч со Каваи Ленард.

Плејмејкерот на Лејкерси, Ражон Рондо, заминува во Атланта Хокс каде ќе добие 15 милиони за наредните две сезони. Ветеранот зад себе остави одлична сезона и за тоа доби награда.

„Езерџиите“ на Леброн Џејмс, кои беа доста активни во изминатите неколку дена, завршија работа со Кантевиус Калдвел Поуп, кого го „врзаа“ за наредните три години и му понудија 40 милиони долари.

Летонецот Давис Бертанс склучи договор на пет години вреден 80 милиони, а Србинот Богдан Богдановиќ е прв на листата слободни агенти кој ќе добие нова екипа во наредните дена.