• Мартин Танасковски

Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шродер повторно е трејдуван, а интересно е што 31-годишниот бек ќе има четврти колектив во иста сезона.
Шродер е нов кошаркар на Детроит Пистонс, објавија од САД. Шутерот беше дел од Голден Стејт, но клубот реши да го испрати на друга адреса.
Покрај што ќе игра за Детроит, а беше дел од Голден Стејт, Германецот оваа сезона настапуваше и за Бруклин Нетс и Јута Џез.
Низ НБА-кариерата, Шродер играше и за ЛА Лејкерс, Хјустон Рокетс, Торонто Репторс, Оклахома Сити Тандерс и Атланта Хокс, додека во Германија беше дел од Брауншвајг.