И тоа е можно: Денг потпиша еднодневен договор за да ја заврши кариерата во Чикаго! 

Луол Денг уште еднаш ја покажа својата љубов кон Чикако Булс. 34-годишниот кошаркар се реши да стави крај на својата богата играчка кариера, а тоа сакаше да го направи од омилениот клуб. 

Така, Денг вчера потпиша еднодневен договор со Чикако Булс, што значи дека во пензија заминува од клубот каде и ја започна НБА кариерата. 

„Навистина ни е многу чест што Денг кариерата ја завршува како играч на Чикако Булс“, соопштуваат од поранешниот НБА шампион. 

Денг цели десет години го носеше дресот на Булси, а потоа ги носеше дресовите на Лејкерси, Мајами Хит и Минесота. Во 15-те НБА сезони, Британецот одигра 902 натпревари, во 2013 година и во 2014 година беше во „Ол-стар“ тимот, а кариерата ја заврши со просек од 14,8 поени и шест скока по натпревар.