Хувентуд без Димитријевиќ забележа „пирова“ победа над Басконија

Екипата на Хувентуд иако немаше можност за пласман во полуфиналето, славеше на последната средба од групната фаза над Басконија со 76-74, на завршницата од Ендеса лигата во „Ла Фонета“, Валенсија.

Голем пех за избраниците на Дуран е поразот од последнопласираниот Тенерифе, бидејќи со победа во тој дуел, ќе имаа шанса за место меѓу четирите најдобри. При победа во претпоследното коло, Хувентуд ќе беше израмнет со Басконија и Уникаха со по шест бодови и со можност да се бори за медали.

  • Извештај од натпреварот: 

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ беше изоставен од екипата поради болки во задниот дел од ногата. Младиот кошаркар токму против Тенерифе ги одигра последните минути оваа сезона, а можеби и во клубот бидејќи многу веројатно следната година ќе игра во Валенсија.