• Зоран Мишевски
Кошаркарот на Барселона, Хуан Нуњез, ќе отсуствува најмалку шест месеци од терените поради повреда на коленото, објави каталонскиот клуб. Во соопштението од Барселона се вели дека Нуњез во вторникот бил подложен на артроскопска операција на десното колено и се додава дека се очекува играчот да отсуствува најмалку шест месеци.
Кошаркарот на Барселона претходно имал операција на менискусот на десното колено на 11 март оваа година. Нуњез пристигна во Барселона минатата година од Улм, а пред тоа играше за Реал Мадрид. Минатата сезона одигра 50 натпревари за Барселона во сите натпреварувања.
Во Евролигата имаше просек од 5 поени, 2,5 скока и 3,4 асистенции по натпревар за каталонскиот гигант.
