• Симеончо Стоиков
Управниот одбор на Хрватската кошаркарска федерација на денешната седница едногласно одлучи да поведе постапка за исфрлање на шампионот Цедевита од домашната лига и Купот на Хрватска.
Причината за оваа одлука е во тоа што Цедевита одлучи да се пријава за играње во Еврокупот, натпреварување кое е под ингеренции на УЛЕБ. Реакција за оваа одлука уште нема од раководните лица во Цедевита.
На ваков потег пред неколку дена се одлучи и кошаркарската куќа на Русија кој суспендираше четири прволигаши токму поради истата причина.


