• Саше Љолес
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз во квалификациите за Европското првенство, откако вечерва беше надиграна од селекцијата на Хрватска со конечен резултат 83-55.
Избраничките на селекторот Ашаданов одиграа добра прва четвртина, но потклекнаа во вториот период, кој го загубија со двоцифрена разлика (25-15). На паузата Хрватска водеше со 44-32.
Продолжи домаќинот со одличната и на почетокот од второто полувреме, што резултираше со веќе огромни +20, кои се покажаа како недостижни за нашите девојки.
Малку покажавме „заби“ во последниот период и се вративме на 11 поени негатива, но потоа следуваше нов голем пад, кој се манифестираше со убедлив пораз на крајот (83-55).
Хемпе и Митрашиновиќ постигнаа по 15 поени за Македонија, а уште единаесет додаде Кметовска, додека на спротивната страна исто така по 15 поени имаа Бегиќ и Цвитковиќ. Следните три квалификациски натпревари нашата репрезентација ќе ги одигра во март 2026 година.



