• Горан Упале
Кошаркарската селекција на Германија извојува тешка победа над Хрватска по продолжение (91-89), во четвртото коло од квалификациската група Е за Мундобаскет. Избраниците на Алекс Мумбру му се одмаздија на својот ривал за поразот од пред два дена (93-88).
Марио Хезоња беше најефикасен на теренот со 30 поени, седум скока и три асистенции. Роко Баџим додаде 14, Лука Божиќ 12, со четири скока, а Јален Смит имаше 12. Во редовите на актуелниот светски шампион се истакна Јоханес Тиеман со 24 поени и 12 скока, Оскар Да Силва имаше 15 поени и 11 скока, а Џек Кајл имаше 14 поени и шест асистенции.
Избраниците на Томислав Мијатовиќ имаа предност речиси 35 минути од регуларниот дел од натпреварот, во еден момент максималната беше +15, но сепак упорните Германци не се предадоа, стигнаа до продолжение, а потоа и до голема победа.
Двата тима сега се изедначени на врвот со скор 3-1. Израел, кој го победи Кипар на гости (83-54), има учинок 2-2.






